Македонските ракометари го дознаа патот кој води до Европското првенство 2028

638

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство 2028 година.

Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци ќе играат во групата 8 која е соствена според следниот распоред: Шведска, Македонија, Грција, Луксембург.

Првопласираните и второпласираните екипи од секоја група во квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2028 за мажи ќе обезбедат место на завршниот турнир, како и четирите најдобри третопласирани екипи.

Македонија до сега има девет учества на Европските првенства, осум во низа, што значи дека ќе се обиде да ја продолжи традицијата на учества на големи натпреварувања.

ПретходноСкандал во Лига 1: Срам за европскиот шампион!
СледноТуризам во Емполи, катастрофа на младите од Италија