Откако по поразот во Копенхаген на “Паркен стадионот“ Македонија беше убедливо поразена од Данска со 4:0 и со тоа ги загуби шансите за пласман на Мундијалот, во вторник во Даблин го играме “неважниот“ меч со Р. Ирска.
И јасно е дека одредени клубови сметаат дека нема потреба од преголемо оптоварување на своите играчи, бараат од ФФМ и стручниот штаб на селекцијата да ги ослободи.
Па така Македонија на гостувањето во Даблин нема да може да смета на Елиф Елмас (Наполи), капитенот Енис Барди (Коњаспор), Бојан Миовски (Рнџерс). Веројатно ќе има и други од патниците во Копенхаген кои нема да патуваат во Даблин.
Јасно е дека последниот збор го има селекторот Гоце Седлоски, кој во текот на денот би требало да одлучи кои играчи дефинитивно нема да патуваат во Р. Ирска и кои би добиле дополнителен повик.










