ВМФЛ: Кикс на Шкендија (А), сега Скопје е лидер на табелата!

434

Попладнево се одиграа седум средби од 22.коло во ВМФЛ. Шкендија (А) киксираше и тоа како домаќин со оглед на тоа дека одигра 0:0 против Беласица. Јасно е дека се загубени два драгоцени бода во битката за првото место.

Скопје е сега лидер со 50 бодови, па макар и привремено ако се знае дека вечерва од 18 часот во големото дерби во Штип се среќаваат Брегалница и Охрид.

Пиратите“ од Автокоманда денеска на гостувањето кај Вардар Неготино без проблеми славеа со 0:2. Победа во Прилеп беше декласирана од Детонит со 0:6, но се падна во сенка на ужасните сцени кога домашниот капитен Кристи Крајоски во 75.минута колабираше, па мораше да биде пренесен во болница.

Кожув дома беше убедлив со Г.Коњари со 3:0, Новаци беше сигурен со Преспа со 2:0, исто така и Осогово забележа уште една победа и тоа дома и тоа против Слога (В) со 3:0. Со истиот резултат и Тетекс победи со Саса.

РЕЗУЛТАТИ – 22.КОЛО

Кожув – Г. Коњари 3:0

Новаци – Преспа 2:0

Осогово – Слога (В) 3:0

Победа – Детонит 0:6

Шкендија (А) – Беласица 0:0

Тетекс – Саса 3:0

Вардар (Н) – Скопје 0:2

Брегалница – Охрид (18:00 Ч)

ТАБЕЛА

Скопје 50, Охрид 49 (-1), Шкендија Арачиново 49, Брегалница 46 (-1), Беласица 44…

ПретходноУжасни сцени во Прилеп: Капитенот на Победа колабираше на теренот, па беше пренесен во болница!
СледноДориев: Ова е почеток на нешто ново, фокусот е на Р.Ирска!