Официјално: Александар Трајковски се прости од репрезентацијата на Македонија

437

Македонската фудбалска репрезентаицја останува без еден од своите најголеми хероји. Александар Трајковски, херојот од Палермо, по 98 одиграни мечеви во националниот дрес, предмалку објави дека и официјално се повлекува од репрезентацијата.

По бараж дуелот кој што го игравме пред два дена во Данска, и поразот од 4:0, а по очигледното негово незадоволство што не беше стартер, што селекторот Седлоски и го потврди, Александар Трајковски одлучи да стави крај на шпекулациите, и со своја изјава да ги разреши дилемите. Дека дефинитивно се повлекува од дресот на Македонија.

„Денес стојам пред вас со срце полно емоции…Од првиот ден кога го облеков дресот, знаев дека тоа не е само обврска – туку чест, гордост и одговорност која не може да се опише со зборови. Да ја претставуваш својата земја, својот народ, своето семејство… Тоа е нешто што се чувствува, не се објаснува. Секој повик во репрезентацијата за мене беше како прв. Истата возбуда, истата трема, истата желба да дадам сè од себе. Секој натпревар беше битка, секој гол – момент кој ќе го носам во срцето засекогаш. Но повеќе од сè, ќе ги паметам луѓетo,соиграчите кои станаа браќа, кои веруваа во мене и сите оние кои беа дел од ова патување.
Имаше и тешки моменти… Порази кои болеа, но и победи кои не учеа што значи вистинска радост. Во сите тие моменти, едно нешто никогаш не се промени – љубовта кон дресот и желбата да се даде максимумот за нашата земја. Сепак, во изминатиот период чувствувам дека мојот труд,и залагање не беа доволно вреднувани. Посебна благодарност до навивачите,вие бевте нашата сила кога беше најтешко, нашиот ветер во грб кога ни требаше најмногу.
Ова не е лесна одлука…Заминувањето боли, но истовремено носи и гордост. Гордост што имав чест да бидам дел од оваа репрезентација и да го носам овој дрес со срце. Репрезентацијата не е само тим – тоа е семејство..Ви благодарам на сите за довербата, подршката и љубовта низ сите овие години. Ви благодарам што ми дозволивте да го живеам мојот сон.
Со крената глава и полно срце… Се повлекувам..
Со почит…Александар Трајковски“

ПретходноНевиден сеир на сметка на Американците за списокот на играчи кои ќе настапат на СП
СледноМакедонија полета за Даблин (ФОТОГАЛЕРИЈА)