Во Кавадарци денеска се игра дуелот Тиквеш – Работнички во чест на Андреј Лазаров

121

Денеска во Кавадарци екипите на Тиквеш и Работнички го играат пријателскиот натпрервар во чест на трагично загинатиот поранешен фудбалер, Андреј Лазаров, во минатогодишната трагедија во Кочани.

Дуелот беше најавен однапред и прифатен од се срце, затоа што Лазаров беше дел од двата тима. Играше во Тиквеш, но многу рано пристигна и во Скопје како еден од најквалитетните млади играчи во тоа време.

Лазаров засекогаш ќе остане во срцата на сите љубители на фудбалот во Македонија, а неговото Кавадарци никогаш нема да го заборави.

ПретходноМакедонија полета за Даблин (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноДончиќ заработува 46 милиони долари годишно, еве колку треба да плати поради суспензијата