Работнички „прокоцка“ голема победа, МЗТ Скопје го отпиша од плеј-оф (ФОТО)

304

Вечната пресметка помеѓу МЗТ Скопје и Работнички беше решена после продолжение, а истата ја добија кошаркарите на актуелниот првак, кои славеа со 97-93. Најтрофејниот кошаркарки колектив имаше шанса да дојде до триумф, но во клучните моменти од продолжението не беше на ниво на задачата. Овој пораз значи за „црвено-белите“ значи елиминација од пласман во плеј-офот.

Одамна не сме биле сведоци на неизвесна пресметка помеѓу градските ривали МЗТ Скопје и Работнички. „Црвено-белите“ го искористија моментот на слабост и отсуство на неколку клучни играчи во редовите на противникот и се покажаа во поинакво светло за разлика од последната средба во Купот на Македонија. Првакот беше без помошта на Војдан Стојановски, Андреј Магдевски и Андреј Маслинко.

Работнички предводен од одличниот Ефремовски со серија од 12-0 поведе со 11-18 во првата четвртина, беше и 13-20. Робев со четири поени во низа на стартот на втората четвртина ги донесе првите двоцифрени 13-24 за неговиот тим. На другата страна следеше одговор од страна на МЗТ, со серија од 12-3 дојде на 25-27. Нешто подоцна израмни на 40-40, но гостите на одморот заминаа со минимални 42-43.

Сето ова беше најава за интересна битка во продолжение. Смит и Танасковиќ ја отворија третата четвртина за 47-43, но неизвесноста продолжи. Со оваа позитива од четири поени (62-58), МЗТ Скопје влезе во последната четвртина.

Темпото во редовите на Работнички падна, после само три минути игра, Дамјан Стојановски постигна важна тројкаа (втора на мечот) за 70-62, на другата страна Мирковски повика тајм-аут. Неговите момци одговорија со 5 поени во низа за 70-67 во 35 минута, беше и 76-74. После поените на Робев за 79-76, наместо напад за сигурна победа, Гил направи чекори. Робев со нови поени доближи на 79-78 на нецела минута до крајот. Петков постигна важни поени преку Рикиќ за 81-78, а кога сите мислеа дека МЗТ ќе победи, Ефремовски постигна тројка од пола терен за 81-81. Останаа три секунди, кошот на Смит беше поништен за продолжение.

Во дополнителните пет минути (МЗТ беше без Дамјан) видовме драма, со тоа што Работнички на две минути до крајот поведе со 88-92, но остана без Рикиќ, кој направи пет лични грешки. МЗТ од губитник излезе победник, Работнички наместо мирни напади – форсираше шутеви при 78-92. Првакот со 7 поени во низа врати за 95-92. Петков имаше смирена рака практично го реши мечот.

Марин Петков го одигра најдобриот меч, имаше смирена рака во финишот, зад своето име запиша 18 поени, Смит запиша 25 поени. На другата страна Ефремовски имаше 27 поени, Рикиќ 25.

ПретходноМакедонец ќе биде делегат на историскиот меч Косово – Турција!
Следно“Ако Исак вреди 150 милиони евра, тогаш Кејн вреди барем…“