На пресот во Даблин, покрај останатото селекторот Гоце Седлоски имаше свој коментар тоа дека на никого вратите во репрезентацијата не им се затворени. А и за тоа за начинот на повлекување на Александар Трајковски и Бојан Миовски.
Тој нагласи дека никој не треба да игра за него, туку за Македонија и дека никој со сила не може да се натера да игра за репрезентацијата:
“Разговарав и со Стефан Ристовски и со Аријан Адеми за понатаму. Вратите во репрезентацијата за никого не се затворени, така да од јуни сигурно ќе мора да има и новини и освежувања во националниот тим за се она што не очекува во Лигата на нациите од септември.
Кој не сака да игра за Македонија никако не можеме да го натераме да игра. Затоа што секој треба да знае тој не игра ниту за мене ниту за било кого, тој игра за Македонија. И не треба никој да очекува да биде стартер на секој натпревар… Ќе повторам дека местото во првиот тим или со минутажа за никого не може однапред да биде резервирано“ истакна Седлоски.










