Вечерва нашите репрезентативци предводени од селекторот Гоце Седлоски го одработија тренингот на “Авива стадионот“ во Даблин, во пресрет на утрешниот меч со Р.Ирска кој се игра од 20:45 часот. Повеќе од јасно е дека по поразот во Копенхаген, утрешниот меч ќе биде само за поправање на впечатокот. По се она што се случи на тој меч со Данска, а и по него, едноставно оваа Македонија знае дека мора подобро.
Што и да се случи нема да се залечат раните, иако убаво ќе биде да се победи. Кога се игра за Македонија нема неважни натпревари.





















