Победа во Ереван! Ерменија е нашиот редовен пациент (ВИДЕО)

195

Македонската репрезентација до 21. година попладнево во Ереван, во рамките од тековните квалификации ја забележа втората поведа во оваа кампања. Како што го сторивме тоа во Битола, така сега и во Ереван, извојувана е победа над репрезентацијата на Ерменија со конечни 0:2.

Таму заминавме по лошиот резултат во Италија, и поразот од 4:0, но се покажа дека избраниците на селекторот Горан Станиќ сепак, успеаа навреме да се рехабилитираат и да смогнат сили за добар резултат.

Нашиот сосѕав поведе во самиот финиш на првото полувреме откако досудениот пенал за нас го реализираше Марко Ѓоргиевски. Тој влезе во игра дваесетина минути претхоодно откако го замени стартерот Сејдо Дураков.

Во второто полувреме слична слика на теренот. Македонија цврста во задната линиија, но и на средината на теренот, а двојното водство дојде во 76. минута.

Хамза Меметриза асистираше за Адмир Љатифи кој што погоди за 0:2, по што веќе домаќинот немаше ниту сила, ниту капацитет да се враќа во игра.

Со оваа победа Македонија има шест бода по осум мечеви и е на петатта позиција на табелата.

Следен наш дуел од овие квалификации е гостувањето кај Црна Гора дури наесен во месец октомври.

 

ПретходноСекоја чест: Ова го има само во БиХ – нека победи подобриот! (ВИДЕО)
СледноНишто од нов пласман на Ф4: Младите пелистерци немоќни против Фуксе Берлин!