У-19: Македонија одигра 1:1 со Молдавија!

94

Во последниот меч од групата 5. во првата рунда од квалификациите за ЕП во Б Лига на Нации, У-19 селекцијата на Македонија вечерва во Холандија одигра 1:1 против соодветната селекција на Молдавија.

Ова беше второ реми за избраниците на селекторот Димитар Капинковски, по она со Ф.Острови во 1.коло. Имаме и пораз од домашната селекција на Холандија, која убедливо го освои првото место и продолжува во елитните квалификации. Додека Македонија заврши како трета и ќе игра во втората рунда во Б Лигата на Нации.

Молдавците поведоа со голот на Роска во 21.минута, додека Македонија израмни преку Танчев во 55.минута.

За Македонија на овој меч настапија:

Трајковски, Рочи, Кесиќ, Мустафи, Маркоски, Бранковски, Талески, Ангелевски, Мрмачоски, Хоџа и Жаку.

Играа уште: Танчев, Буцевски, Илјази, Марковски, Касами.

ПретходноМакедонија ќе игра против Романија и Естонија во претквалификациите за ЕП 2029
СледноТФТ испиша нова историја, ќе игра полуфинале во АБА2-лига