Репрезентативците на Белгија кои ќе играат на претстојното ЕП, кое започнува на 11 јуни, ќе мора прво да одат на имунизација непосредно пред да заминат на ЕУРО.
Ова е одлука на Владата на Белгија…
“Тоа е многу важно со оглед на улогата која сакаме да ја играме на ЕП. Ние сме благодарни на сите оние кои ова ни го озвоможија“ се вели во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Белгија.
Како што велат информациите од Белгија, фудбалерите ќе ја примат вакцината Џонсон и Џонсон.
Белгија во моментов е прва на ранг листата на ФИФА, па со тоа и еден од најсериозните кандидати за првото место на ЕУРО. Стартуваат на 12 јуни против Русија, а во групата Б се уште селекциите на Данска и Финска.