Откако вчера во меч од 27.коло, Струга ТЛ беше поразена од Тиквеш со 1:2 на свој терен, се чини дека тимот на Бледи Шкемби ги загуби шансите, и онака тие беа мали, во битката за титулата. Па така сега Вардар на шест кола до крајот има 65 бодови, Шкендија 64 а Струга ТЛ 56.
По ова сега на шест кола до крајот и дефинитивно битката до последен здив за титулата, остануваат скопските и тетовските „црвено – црни“.
Вардар има бод повеќе, но тимот на Гоце Седлоски е во лоша форма, и кога победува тоа го прави на “туркање“, едвај. Не дека Шкендија е во некоја фантастична форма, оваа Шкендија може и подобро, а има и обврски во Купот, сепак тетовци играат подобро од Вардар. Тука нема дилеми.
Познато е дека Вардар е домаќин на Шкендија во последното коло и веројатно тогаш ќе се решава прашањето за титулата, ако некоја од овие две екипи претходно не направи некој голем кикс. А дека има „мини“ и тоа како има.
Имено Вардар игра во последните шест кола игра со Шкупи (гости), Тиквеш (дома), Башкими (гости), Силекс (дома), Струга ТЛ (гости), Шкендија (дома).
И “мини“ за Вардар се мечевите со Башкими и со Струга ТЛ на гости.
Шкендија до крајот игра со Тиквеш (гости), Башкими (дома), Силекс (гости), Струга ТЛ (дома), Брера (дома), Вардар (гости).
Мини за тимот на Јетон Беќири се Тиквеш и Силекс на гости.
Инаку последен пат битката за титулата во ПМФЛ во последно коло се решаваше во 2013 кога Вардар дома играше со Хоризонт Турново, го победи и тогаш ја освои титулата.
Дали ќе биде така и оваа сезона, останува да се види. И за крај, во случај на ист број бодови, шампион ќе биде онаа екипа која ќе има подобар меѓусебен скор, а засега тој скор е израмнет. Вардар во Тетово победи со 0:1 а Шкендија во Скопје победи со 0:1.
РАСПОРЕД ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ КОЛА
28.КОЛО
Тиквеш – ШКЕНДИЈА
Шкупи – ВАРДАР
29.КОЛО
ВАРДАР – Тиквеш
ШКЕНДИЈА – Башкими
30.КОЛО
Силекс – ШКЕНДИЈА
Башкими – ВАРДАР
31.КОЛО
ВАРДАР – Силекс
ШКЕНДИЈА – Струга ТЛ
32.КОЛО
ШКЕНДИЈА – Брера
Струга ТЛ – ВАРДАР
33.КОЛО
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА
ТАБЕЛА
1.ВАРДАР 65
2.ШКЕНДИЈА 64
МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 0:1
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 0:1















