ПМФЛ: ЗЛАТНА победа на Пелистер во битката за опстанок!(ВИДЕО)

153
ФОТО:facebook.com/FC.PelisterBitola/

Пелистер – Македонија ЃП 2:0 во меч од 28.коло во ПМФЛ кој се одигра попладнево во Битола. Стрелци беа Ивановски и Србијанац. Посебно треба да се спомене голот на Србијанац кој беше фантастичен. Голема, екстра значајна, па и златна победа на битолчани во битката за опстанок. Сега тимот на Марјан Секуловски има 29 бода и е деветти на табелата со +4 од Работнички и +5 во однос на Македонија ЃП, сепак тимот од Дебар Маало има меч помалку.

Првата шанса за водство домашните ја имаа преку Булатовиќ во 9.минута, но таа топка за малку заврши покрај голот. Домашните “притискаа“, напаѓа, креираа шанси како таа на Спировски, па пак на Булатовиќ и уште една на Булатовиќ во шрвите 20.минути. Во 30.минута Крстевски од изгледна шанса шутираше над голот на гостинскиот голман Јанков. Сепак најголемата шанса ја имаше Спировски во 31.минута кога убаво шутираше со глава, и кога сите ја видоа топката во мрежата, капитенот на гостите Пецов, од гол – линијата ја извади таа топка. Следуваше и шансата на Керим, просто е неверојатно како битолчани не успеаја да постигнат гол. Интересно е тоа што малку недостигаше “лавовите“ на пауза да заминат со водство, и тоа по обидот на Џангаровски а посебно по шутот на Ајдоган, па мораше домашниот голман Јовчевски со прекрасна парада да спасува.

И ако не видовме гол во првото полувреме, тогаш по само четири минути во второто полувреме конечно битолчани се израдуваа на гол и водство. По убавата акција, Мирко Ивановски од само 5-6 метри просто ја “закова“ топката во мрежата на гостите за 1:0. Конечно.

Нов проблем за „лавовите“ во 58.минута кои останаа со играч помалку откако судијата Пларент Салихи му покажа втор жолт картон, односно црвен на Гереро.

Ама “лавовите“ не се предадоа, во 64.минута Пецов за малку ќе израмнеше на 1:1, но Јовчевски беше на своето место, тоа беше голема шанса за гостите.

Затоа Србијанац со прекрасен гол од околу 25 метри зголеми на 2:0. Супер-гол, фантастичен погодок за 2:0 и за голема радост на битолчани.

Можеше да биде и 3:0, но Петковски не искористи убава шанса.

Па така на крајот останаа тие 2:0 за Пелистер со кои се освоени големи три бода во битката за опстанок.

ПретходноМВР потврди: Навивачи на ГРК Охрид биле нападнати на пат кон дома!
СледноВМФЛ: Брегалница со огромен скок кон елитата, Скопје, Шкендија (А) и Охрид ГАЗЕА, Победа и официјално во трета лига!