БРАВО: Кадетките како првопласирани одат во 1/4 финале

104

Македонската женска кадетска репрезентација како првопласирана во својата група Ц оди во четвртфиналето на Светскотоучилишнопрвенство во ракомет. После Белгија и Грузија, нашите млади надежи ја победија и Словачка со 28-13  (11-7). За место во полуфиналето Македонија ќе се бори или со Романија или Бразил.

Интересно прво полувреме се одигра во салата “Крсте Мисирков, која и денеска беше исполнета со учениците од ова школо.
Македонија од стартот го наметна своето темпо, отвори со 3-2, па поведе до 10-4, на одморот резултатот беше 11-7.

Доминацијата на македонската женска ракометна репрезентација продолжи и во вториот дел, после речиси на средината беше 18-11. Ова беше најава дека Македонија без пораз оди во четвртфинале.

Утре е слободен ден на Светското училишно првенство во ракомет. Денот ќе биде резервиран за прошетка, како и за претставување на делегациите своите културни традиции.

ПретходноШтип УГД вечерва ја има првата меч-топка за титула!
СледноТри од три: Кадетите ја победија и Р. Српска