Вардаровото срце е фудбалско, ракометно….

362

Синоќа РК Вардар прослави 65. години од своето постоење, а во рамките на јубилејот „црвено – црниот“ состав на домашен терен во прекрасна атмосфера во салата СРЦ Јане Сандански го совлада тимот на Алкалоид.

Навивачите беа прекрасни, создадоа одлична атмсофера, и може слободно да се каже дека РК Вардар и ракометот повторно се во мода.

Кризниот период на овој клуб минува, Вардар е на прагот да ја освои двојната круна во домашниот шампионат.

На вчерашниот меч присуствуваа и дел од фудбалерите на ФК Вардар, кои што периодов се стандарден декор на ракометните натпревари на „својот брат“.

Тодоровски, Маневски, Талески, Јанкулов, Босанчиќ.. сите од ред вчера навиваа за Вардар како што и треба.

 

FOTO: KOCHO S.PHOTOGRAPHY

ПретходноНикола Серафимов со повреда и го пропушта дуелот со ЦСКА Софија
СледноАрсими со пет гола во мрежата на Шкупи