ВМФЛ: Лидерот пред лесна победа, незгодни гостувања за Охрид и Шкендија (А)

95
ФОТО:facebook.com/fkbregalnicaofficial

Денеска од 16 часот на програмата се сите осум средби од 26.коло во ВМФЛ. Од оние четири екипи кои атакуваат на директен пласман во елитата или баражот, се чини дека лидерот, тимот на Брегалница има најлесна задача. Штпските “сини“ играат дома веќе испаднатата Слога (В) и ако момците на стратегот Влатко Костов одиграат како што треба, јасно е дека нема да имаат проблем за да и по ова коло остнат на чело на табелата.

Скопје исто така е голем фаворит на гостувањето кај Преспа, но затоа Охрид и Шкендија (А) имаат незгодни гостувања. Охриѓани играат во Тетово кај Тетекс, а арачиновци кај Кожув.

Интересно треба да биде на мечот меѓу Новаци и Детонит, како и на останатите средби од ова 26.коло кои се играат денеска од 16 часот.

ДВОЈКИ ЗА 26.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Брегалница – Слога (В)

Саса – Г.Коњари

Кожув – Шкендија (А)

Новаци – Детонит

Победа – Осогово

Преспа – Скопје

Тетекс – Охрид

Вардар (Н) – Беласица

ТАБЕЛА

Брегалница 58, Охрид 56, Скопје 56, Шкендија (А) 56, Беласица 49, Осогово 47, Детонит 44, Новаци 43, Кожув 36, Тетекс 33, Саса 29, Вардар (Н) 19, Преспа 12, Слога (В) 12, Победа 11, Г.Коњари 7.

ПретходноПогледнете го транспарентот кој ги воодушеви сите фудбалски фанови!(ФОТО+ВИДЕО)
СледноДобра вест за Луис Енрике: Витиња ќе игра против Баерн Минхен!