Официјално: “Кошево“ за БиХ – Македонија е распродадено!

79
ФОТО:FFM.MK

Сега веќе е и официјално. Како што пренесуваат медиумите во БиХ, распродадение се сите билети кои беа пуштени во продажба за пријателскиот меч меѓу БиХ – Македонија закажан за 29 мај на “Кошево“ во Сараево 18 часот. Пред неколку дена имаше информации дека продадени биле 22.000 билети, а денеска и официјални бил продадени сите билети кои беа пуштени во продажба.

Јасно е дека Македонија ќе игра пред преполни трибини на “Кошево“ или по ново “Асим Ферхатовиќ“ и дека тоа ќе биде голем спектакл за овие балкански простори.

Босанските фанови ќе имаат можност за последен пат во својата земја да ја следат четата на селекторот Сергеј Барбарез пред таа да отпатува на СП 2026 кое ќе стартува на 11 јуни.

ПретходноНов шок за Анчелоти и Бразил: Уште една ѕвезда ќе го пропушти Мундијалот!
СледноФулам ја победи Астон Вила и уште ја сонува Европа