Фермин и Рашфорд за триумф на Барселона

104

Екипата на Барселона денеска дојде до уште една победа во овогодинешниот Примера шампионат. Лидерот на оваа конкуренција денеска на гостувањето кај Гетафе, забележа триумф од 0:2, со што уште повеќе си ги забетонира шансите да ја освои титулата сезонава.

Творци на победата денеска за Каталонците беа Фермин кој погоди во 45. минута, односно Маркус Рашфорд кој што резлизираше во 73. минута.

Со ова, Барселона по 33. кола има 85. бодови и има дури единаесет поени предност пред второпласираниот тим на Реал Мадрид.

 

ПретходноКомити порачаа, Вардар испорача: Шал на врат и сите на „Градски“!!!
СледноМилан Ристовски со нов гол за Бохемианс