Ројевиќ: Честитки до моите ракометари, се вративме од минус седум гола разлика!

104

Сонот за пласман во финалето на ЕХФ Европскиот Куп и натаму живее за ГРК Охрид. Македонскиот тим на првата полуфинална пресметка против Целје беше поразен со минималн 27-26, што пак е добар пред реваншот, кој се игра во салата „Билјанини Извори“ во Охрид на 2. мај.

Избраниците на Борис Ројевиќ во еден момент губеа со седум гола разлика, но на крајот успеаја да се вратат во дуелот.

„Одигравне еден извонреден меч во убав амбиент, Целје сигурно покажа дека е најталентирана екипа во Европа, но честитки за моите ракометари за карктерот. Се вративме од минус од седум гола и дојдовме до активен резултат за реваншот. Благодарност до сите навивачи кои дојдоа во голем број и ги повикувам и на реваншот да направиме една незаборавна атмосфера и да се обидеме да се пласираме понатаму во финалето, со победа над некогашниот европски првак“, изјави Ројевиќ по натпреварот.

ПретходноКадетките преку Бразил до полуфинале!
СледноАртета: Сè е на „коцка“, а судиите се против нас