Нашиот репрезентативен голман, Мартин Томовски одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Битигхајм и му помогна на својот тим да стигне до нова победа во втората германска лига. Томовски забележа 8 интервенции во натпреварот против Гросвалштад кој заврши со резултат 29:38.
Првото полувреме од натпреварот беше неизвесно и гостинскиот состав замина на одмор со само еден гол разлика. Но, во вториот дел Битигхајм одигра фантастично и на крајот успеа да слави со 9 гола разлика. Со овој триумф Битигхајм останува на првото место на табелата и во моментов е главен кандидат за пласман во Бундеслигата.










