Федерацијата на училишен спорт со порака: Не можеме да бидеме погорди, честитки за храброста и борбеноста (ФОТО)

308

И двете кадетски репрезентациии на Македонија ќе играат полуфинале на Светското училишно првенство во ракомет кое е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Кадетките во четвртфиналето ја победија селекцијата на Бразил со 19-18. Во полуфиналето Македонија ќе игра против Турција. Кадетите со победа ја завршија групната фаза, во последниот натпревар беа убедливо подобри од Бразил со 23-11. Во полуфиналето Македонија ќе игра против Србија. И двата натпревари се играат во салата „Македонско Сонце“.

Женското полуфинале помеѓу Македонија и Турција стартува во 10:30 часот. Машкото полуфинале помеѓу Македонија и Србија стартува во 12:30 часот.

„Како Федерација на училишен спорт на Македонија не можеме да бидеме погорди. И двете кадетски репрезентации на Македонија се пласираа во полуфиналето на Светското училишно првенство во ракомет.

И на двата натпревари трибините во салите „Македонски Херои“ и „Македонско Сонце“ беа исполнети. Среќни сме за што овој прв историски голем настан за спортска Македонија во рамки на училишен спорт има голема заинтересираност. Денеска нашите две селекции имаа поддршка од бројни македонски легенди.   

Честитки и за двете репрезентации, одиграа борбено и храбро“, порачаа од Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Во женска конкуренција втората полуфинална двојка ја сочинуваат Романија и Хрватска, додека машка конкуренција за финале ќе се борат Израел и Хрватска.

ПретходноАцевска и покрај повредата освои бронза во Париз
СледноРеал Мадрид ја активираше клаузулата за откуп на Паз