МЗТ Скопје А. го победи Маџари пред стартот на разигрувањето за титулата

27

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром славеше во последниот меч од плеј-оф групата во Суперлигата на гостувањето кај Маџари со 81:94 и победнички ќе влезе во плеј-оф разигрувањето за шампионската титула. На гостувањето вечерва, избраниците на Васко Атанасов почнаа добро и ја добија првата четвртина со пет поени предност, по што видовме делумно враќање на домашните во вториот период. Маџари до полувреме ја намали предноста на гостите на само три поени (41:44).

Во второто полувреме МЗТ Скопје го засили темпото и успеа да ја зголеми предноста, која во почетокот на последниот период се искаќи и на +15 (64:79). Иако домашните се обидуваа да се вратат во мечот, шампионот рутински ја заврши работата.

Смит со 23 и Петков со 21 поен беа најдобри поединци кај гостите, додека кај Маџари, Американците Грин и Армстрон беа најефикасни со 23, односно 22 поени.

ПретходноБарселона повторно ќе мора да се сели од Камп Ноу
Следно„Шумарите“ за пенал подобри од Астон Вила, Кристал Палас чекори кон финале во КЛ (ВИДЕО)