Крива Паланка на само една победа до шампионската титула

69
фото: mkd.basketball

Само уште една победа ги дели кошаркарките на Крива Паланка од освојувањето на првата шампионска титула во сениорска конкуренција, откако вечерва, на свој терен, по втор пат излегоа како победнички во финалната серија на плеј-офот против екипата на Бадел 1862.

Домашните славеа со 88:76 за водство во серијата од 2-0. Уште во првиот период домашната екипа се стекна со двоцифрено водство (28:17), кое успеа да го зголеми до полувремето, и да се стекне со уште повисоки (44:27).

Многу подобро беше издание на гостинската екипа во второто поливреме. Во третиот период од играта „баделки“ имаа и предност. Но успеаја да надополнат само четири поени од негативата која ја имаа на полувремето.

По три четвртини, Крива Паланка имаше комотни (67:54). Слична беше и распределбата на поените во екипата на Крива Паланка и на вечерашниот дуел.

Четири кошаркарки од стартните пет, завршија со двоен број на реализации.

Робинсон испорача 26 поени (три скока и две асистенции). Ниехуес направи уште еден дабл-дабл ефект, изразен со 19 поени и 18 скока (дополнети со шест асистенции). Алексовска уфрли 18 поени (имаше и четири скока), а Грин еден поен повеќе, дополнети со десет скока и седум асистенции. Во екипата на Бадел 1862, која ќе биде домаќин на третиот меч од серијата, Фримен постигна 27 поени (плус 11. скока и 4. асистенции), Клири имаше 23 поени и 12 скока, а И. Чолакоска заврши со 15 поени (осум скока и пет асистенции).

ПретходноКаква сезона за Италијанецот: Антонели прв и на ГН на Мајами
СледноЖФК Скопје е нов шампион во женска конкуренција