Еден од најдобрите фудбалери во изминатите две децении, Лука Модриќ се врати на тренинг во таборот на Милан, по повредата на лицето. Незгодната повреда која што искусниот фудбалер ја доби на дербито против Јувентус.
За истата да биде санирана беше потребен и оперативен зафат, но според последните информации Модриќ е потполно опоравен.
Па така, тој многу веројатно ќе се најде и во комбинација за дуелот против Каљари во рамките од Серија А, а што е уште поважно навреме се враќа во потполен тренажен процес за да може да одговори на обврските кон репрезентацијата на Хрватска.
Таа секако има огромни очекувања од претстојниот Мундијал, каде што Модриќ нормално има сериозна улога










