Денеска од 16 часот се играат три средби од 31.коло во ПМФЛ, и сите три се значајни во битката за опстанок.
Сепак во преден план е мечот во Струмица меѓу Брера и Работнички. Имено се знае дека Работнички, некогашниот гигант во мак – фудбалот, мора, ама баш мора да победи. Во спротивно уште денеска ќе се официјализира како “второлигаш“ за следната сезона. Јасно е дека клубот од Градски парк е под притисок, да не говориме за играчите и тренерот Муарем Муарем, но тие се фактите ако се знае дека има само 29 бода по 30. коло.
Секој друг резултат освен победа, на Работнички никако не му одговара. Во случај на триумф некогашниот четирикратен шампион ќе ги задржи шансите за опстанок, макар и тогаш тие ќе бидат мали.
Исто така и Македонија ЃП од денеска може да биде “второлигаш“ и тоа ако биде поразена од Тиквеш а Брера освои барем бод со Работнички.
Во Ѓорче домашниот состав на Македонија ЃП го дочекува Тиквеш а во Гостивар играат Арсими и Башкими.
Ако се знае дека Шкупи одамна е испаднат тогаш интересен е податокот дека директно испаднале од елитата три скопски екипи кои заедно “тежат“ дури 9 шампионски титули.
ДВОЈКИ ЗА 31.КОЛО -ДЕНЕСКА (16 Ч)
Брера – Работнички
Македонија ЃП – Тиквеш
Арсими – Башкими
ВЧЕРА
Вардар – Силекс 2:1
Шкендија – Струга ТЛ 3:1
Пелистер – Шкупи 7:0
ТАБЕЛА
5.ТИКВЕШ 41 (30)
6.БАШКИМИ 40 (30)
7.АРСИМИ 39 (30)
………………………………………..
8.ПЕЛИСТЕР 36 (31)
9.БРЕРА 36 (30)
…………………………………………
10.МАКЕДОНИЈА ЃП 30 (30)
11.РАБОТНИЧКИ 29 (30)
12.ШКУПИ 1 (31)
*Во загради се одграните натпревари















