И тоа се случи. Некогашниот македонски шампион, освојувач на Купот на Македонија, претставникот во многу наврати на меѓународна сцена, и матичниот клуб на десетици македонски репрезентативци, екипата на Работнички и официјално испадна од прволигашката конкуренција.
Денеска, во рамките од 31. коло од ПМФЛ шампионатот, Работнички одигра реми во Струмица кај Брера со 2:2, и на тој начин на две кола до крајот и официјално е второлигаш.
Струмичани направија комплетен пресврт, откако Хоџа по само неколку секунди игра погоди за Работнички за 0:1. Сепак, Величковски со два гола во третата односно 15. минута направи комплетен пресврт.
Во финишот на првиот дел, Величковски промаши и пенал, за 3:1 и хет трик односно Ондоа добро одбрани.
Во вториот дел, Работнички имаше некаков обид да стори нешто повеќе, но откако Белица доби втор жолт картон и гостите останаа со играч помалку се беше готово.
Бошнаков израмни на пет минути до крајот, но тоа беше се од Работнички од прволигашката конкуренција.
Останува „херојот“ Дебар Маало да се прашува што се случи и како еден од најтрофејните македонски фудбалски колективи успеа сезонава за прв пат откако влезе во првата лига во сезоната 1998/99 истата и да ја напушти.















