У-14: Македонија ќе одигра две пријателски средби со Малта!

69
ФОТО:FFM.MK

Селекторот на македонската репрезентација до 14 години, Горан Георгиевски, го објави списокот на повикани фудбалери за двата контролни натпревари против соодветната селекција на Малта.

Контролните средби ќе бидат одиграни на 16. и 18. мај, а овие натпревари ќе претставуваат одлична можност за младите фудбалери да стекнат меѓународно искуство и да го покажат својот потенцијал во дресот на Македонија.

Максим Мечкаровски (Форца), Дамјан Тодоровски (Работнички), Амир Бафтијари (Шкупи), Стефан Дрндаровски (Бутел), Леон Ристов (Вардар), Афан Јонузи (Арсими), Ненад Јовановиќ (Бутел), Ринор Палоши (Шкупи), Леис Факиќ (Карев), Стефан Петковски (Брера), Душан Петров (Кожуф), Калин Каракаш (Парк), Адем Вукељ (Карев), Габриел Фударски Митев (Брера), Огнен Божиновски (Форца), Давор Грабуловски (Парк), Аник Исуфи (Милано), Калин Арсовски (Парк), Диар Мухареми Исаки (Гроздановски), Убеит Муадини (Милано), Џемал Алили (Милано), Ангел Симоновски (Кул), Омер Адемовиќ (Македонија), Виктор Дрогишки (Карев), Виктор Грданоски (Охрид);

Натпреварите на тренинг центарот „Петар Милошевски“ се закажани во 15:00 часот на 16. мај и во 14:30 часот на 18. мај.

ПретходноБекам е првиот британски спортист – милијардер!
СледноПолувреме: Вардар со водство во Струга, го делат само 45.минути до титулата!