Полувреме: Вардар со водство во Струга, го делат само 45.минути до титулата!

117

Со голот на Цветковиќ уште во 5.минута, Вардар има предност од 0:1 по првото полувреме на гостувањето кај Струга ТЛ во меч од 32.коло. Резултат кој и тоа како му одговара на лидерот, имено и со бод Вардар и официјално ќе биде шампион.

Гостите од Скопје подобри во првите 45.минути, освен голот имаа уште две закани, преку Николов, Омерагиќ и Најдовски. Домашните имаа шанса во 41.минута преку Малески. Не толку квалитетен дерби меч, Вардар ги контролира настаните на теренот.

На останатите два меча кои се играат попладнево, Шкендија – Брера и Силекс – Арсими, по првото полувреме резултатот е 0:0.

ПретходноУ-14: Македонија ќе одигра две пријателски средби со Малта!
СледноСтоле Димовски на 43 години става крај на кариерата!(ФОТО)