Ракометниот шампион прв му честиташе на новиот фудбалски првак

51
фото: RK Vardar 1961 (FB)
Откако попладнево по победата над Струга на гости (0:1) фудбалскиот клуб Вардар и официјално стана нов македонски шампион, ракометниот првак на Македонија од семејството Вардар, прв му ја честиташе титулата на фудбалскиот тим.
„РК Вардар со голема чест и задоволство ја честита шампионската титула во домашното првенство на нашите колеги од ФК Вардар!! Со години го чекавме моментот, повторно да бидеш прво место! Момци, ова е ваша вечер. Честитки и со успех во квалификациите за Лигата на Шампиони!“, напишаа од РК Вардар 1961.
ПретходноКолку Енрике бил во право за Мбапе: “Ти не си како Џордан, ти не фаќаш за ма**ња!(ВИДЕО)
СледноДаниела и Сара Горбок: Повикот беше изненадување, но го прифативме со драго срце