Бруно како Анри и Де Брујне: Спектаклот на “Олд Трафорд“ за Јунајтед! Каземиро се прости од фановите

82
ФОТО:facebook.com/manchesterunited/

Вообичаено кога игра Манчестер Јунајтед, а посебно на “Олд Трафорд“. Тоа е спектакл на задоволство на фудбалските гурмани.Во меч од 37.коло, Јунајтед славеше против Нотингем Форест со 3:2 во дуел на некогашните европски шампиони.

Уште во 5.минута Шо погоди за 1:0 за домашните. Само што започна второто полувреме, Морато израмни на 1:1, за да Куња во 55.минута одново му носи водство на Јунајтед.

Се играше 76.минута кога Мбеумо стрелаше за 3:1, а Гибс-Вајт две минути подоцна намалува на 3:2.

До крајот домашните имаа шанси поубедлива победа. Овој меч беше последен за Каземиро на “Олд Трафорд“ па така тој се прости од домашните фанови.

Со оваа победа Манчестер Јунајтед и дефинитивно се избори за пласман во Лигата на Шампионите.

Бруно Фернандеш со 20-та асистенција го израмни рекордот на Тиери Анри и Кевин де Брујне, но има шанса во последното коло да дојде до својата 21 асистенција.

ПретходноЛина ја доби првата ривалка во квалификациите на Ролан Гарос
СледноМаџари ќе мора без Грин во битката за титулата!(ФОТО)