Шкендија дефинитивно утре без Ибраими и Вебстер

164

Екипата на Шкендија, утре на Куп финалето на Арената Тодор Проески во Скопје од 20:00 часот против Силекс, ќе настапи без капитенот Бесарт Ибраими, како и без еден од најдобрите играчи сезонава, Роналдо Вебстер.

Искусниот Ибраими веќе неколку кола е вон тимот, затоа што е повреден и за жал на тетовци нема да биде во можност да помогне.

Од друга страна пак, Вебстер поради суспензија нема да може да помогне. Јамајканецот доби црвен картон на еден од последните мечеви и сеуште ја одлежува казната.

 

ПретходноВасоски: Меч на сезоната за нас, преку ова финале ние гледаме кон Европа
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА спонзор на „МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ”