Екипата на Силекс е освојувач на овогодинешниот КУП на Македонија. Кратовци синоќа во Арената Тодор Проески во Скопје, со минимални но заслужени 1:0, ја совладаа Шкендија и по четврти пат го подигнаа трофејот во ова натпреварување.
Силекс е редовен лауреат во домашниот шампионат уште од деведесеттите години кога на чело на клубот беше Љубисав Иванов.

Сега, децении подоцна, прв човек на клубот е неговиот внук, Љупче Иванов. Очигледно дека Иванов јуниор и тоа како знае што прави со Силекс, затоа што трофеите и натаму пристигнуваат во Кратово, и клубот летово ќе игра во Европа.
Синоќа славјето на кратовци беше големо. Еуфорија, радост, солзи радосници. Во очите на Љупче Иванов покрај развиореното знаме со ликот на неговиот дедо.











