Сосема очекувано: Морган Роџерс е играч на сезоната во Лигата на Европа

28

Откако и официјално заврши овогодинешното издание на Лигата на Европа, во која триумфираше Астон Вила со победата над Фајбург од 3:0, избран е и најдобриот играч во оваа конкуренција.

Тоа сосема очекувано е Морган Роџерс офанзивецот на Вила, кој што патем имаше клучна улога во финалето со асистенција и гол.

Вкупно, тој се истакна, постигнувајќи три гола и имајќи пет асистенции во 15 настапи. Конечно, тој е првиот англичанец кому му е доделена оваа награда.

Од друга страна пак, членот на Фрајбург, Јохан Манзанби, инаку репрезентативец на Швајцарија ја доби наградата „откритие на годината“.

 

 

ПретходноКонго поради епидемијата на ебола, ќе се подготвува за Мундијалот далеку од дома
СледноЃоргиев: Фокусирани сме, треба многу работа, но на добар пат сме