Македонија со тест меч против Бугарија, Станиќ со неколку дебитанти

253

Македонската фудбалска репрезентација до 21. година за овој репрезентативен прозорец, има договорено еден пријателски дуел, а тоа е оној против Бугарија на гостински терен кој е закажан за 30 мај во Софија.

За овој дуел, селекторот Горан Станиќ се одлучи за состав кој што е релативно сличен на оној кој што го имаше во претходниот термин, плус неколку новитети, од помладата генерација.

Собирот на националниот тим е на 27 мај во Скопје, а по три тренинга во Скопје, в петок на 29 овој месец репрезентацијата патува за Софија.

Натпреварот против соодветната селекција на Бугарија ќе се одигра в сабота на 30 мај со почеток во 17 часот.

ГОЛМАНИ:

Васко Василев (ФК Струга Трим Лум), Љупче Џеков (ФК Силекс), Никола Филевски (ФК Брегалница).

ОДБРАНА:

Андрија Димески (ФК Вождовац, Србија), Анес Мелиќи (ФК Шкендија), Ѓорѓе Џеков (ФК Силекс), Нуман Ајетовиќ (ФК Шкендија), Меметриза Хамза (ФК Струга ТЛ), Давид Стојаноски (ФК Браво, Словенија).

СРЕДЕН РЕД:

Адис Мурати (ФК Башкими), Харун Незировски (ФК Хелсинборг, Шведска), Илија Масларов (ФК Лугано, Швајцарија), Матео Софијаноски (ФК Македонија ЃП), Матеј Гаштаров (ФК Борац Чачак, Србија), Адриан Зенделовски (ФК Струга ТЛ), Мухамед Елмас (ФК Македонија ЃП).

НАПАД:

Димитар Данев (ФК Вардар), Адмир Љатифи (ФК Осијек, Хрватска), Димитар Трајков (ФК Дуго Поље, Хрватска), Марко Николовски (ФК Силекс), Никола Манојлов (ФК Работнички)

 

Претходно„Жените и мајките ги урнаа митовите за трчањето, знаеме да свариме и кафе, но кога работиме, тука нема аматеризам“
СледноМакедонија во Струмица против Холандија и Луксембург од 19 часот