Уште еден репрезентативец годинава имаше одлична сезона и свој удел во оваа шампионска круна на екипата на Вардар. Задоволството по победата над Шкендија и кренатиот шампионски пехар не го криеше ниту Бабунски.
„Многу сум среќен што сум дел од ваков успех. Некогаш и татко ми беше дел од ваков голем успех, сите во фамилијата сме вардарци. Не е лесно, очекувањата се високи, секогаш се бара победа, навистина не беше лесно, но ете успевме да ја донесеме титулата. Сега не чека Европа, треба да следиме еден стандард, еден ваков правец, бидејќи Вардар тоа го заслужува“, вели креативецот во средината на „црвено-црните“, Давид Бабунски.















