ГРК Охрид оди по историја и по остварувањето на Алкалоид

127
Фото: ГРК Охрид

МОЛ Татабања и ГРК Охрид денеска го играат првиот меч во финалето на ЕХФ Европскиот куп. Ова ќе биде прво европско финале за двата клуба, а првиот натпревар е закажан во Унгарија денеска со почеток во 17 часот, реваншот ќе се игра седум дена подоцна во Охрид.

Татабања за кого настапува македонскиот репрезентативец, Филип Талески има седум победи, оствари едно реми и два пораз, ГРК Охрид пак има девет победи и само еден пораз на патот до финалето.

Двата клубови учествуваат во европско клупско финале за прв пат. Втора сезона по ред, тим од Македонија стигна до финалето на Европскиот куп на ЕХФ, а исто така и по трет пат во историјата, бидејќи РК Алкалоид го освои трофејот минатата сезона, а РК Пелистер загуби во финалето на Челинџ купот 2001/02.

ГРК Охрид влегува во пресметката за титулата со најдобра одбрана со 21,8 примени гола по натпревар, додека Татабања примила просечно 31,4 гола. Двата тима имаат сличен офанзивен резултат, постигнувајќи 33,7 (Татабања) и 33,2 (Охрид) гола по натпревар.

Татабања е првиот тим од Унгарија што стигна до дуелот за титулата во ова натпреварување и неговите претходници.

ГРК Охрид игра само втора година во европско натпреварување. Откако беа елиминирани во второто коло минатата сезона, овој пат импресионираа, елиминирајќи искусни клубови како што се Олимпијакос и Целје на патот до финалето.

ПретходноМаџари пред третата финална пресметка доби „честитка“: 118.000 денари и суспензија на Тасевски
СледноСензационално: Се создава моќен тим во Европа,Тони Паркер ќе биде тренер! (ФОТО)