ТИМ И ИГРАЧ НА 33.КОЛО: Величковски броеше до четири!

71

Секако дека централен настан во 33.коло и последно во сезоната 2025/26 беше дербито Вардар – Шкендија и убедливата победа на новиот шампион со 3:0, сепак според “СпортСпорт“ играч на колото е Никола Величковски. Брера успеа да го победи Шкупи со 6:0, очекувано, но дури четири од тие шест гола беа дело на младиот напаѓач и тоа во 23.минута, 62., 71. и 90.минута.

Токму затоа Велчковски од Брера е играч на ова 33.коло.

Во тимот на колото се и Талески, Матиќ, Јанкулов, Николов и Закариќ (Вардар), Лавал (Тиквеш), Србијанац (Пелистер), Дардишта и Бешагиќ (Арсими), Гереро (Македонија ЃП).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

НИКОЛА ВЕЛИЧКОВСКИ

Тим: Брера

Роден: 13.09.2005 во Скопје

Кариера: Вардар, Работнички, Македонија ЃП, Септември, Брера

ПретходноМиленко тргна против тренерите што сам ги ставаше, па Захариевски му врати: Човек од сточарството, за кого топката се уште е рамна
СледноСелективен У20 камп за машката национална селекција, повикани интернационалци од САД, Холандија, Италија…