ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Вардар)

30

И дефинитивно кога играат Вардар и Шкендија нема пријателски или “ревијални“ мечеви, па макар и кога се без резултатско значење. Вардар на прославата на титулата во рамките на тоа последно 33.коло од сезоната, одигра навистина добар меч. Ја надигра Шкендија и успеа да слави со 3:0. Иако тетовци беа драматично ослабени, сепак тоа никако не ја намалува вредноста на оваа победа на вардарци.

Кога ќе се победи Шкендија со 3:0, кога ќе се потврди титулата на ваков начин, тогаш јасно е дека тренер на колото е Гоце Седлоски, стратегот на Вардар на кого ова му беше последна средба на клупата на шампионот. Од саботата тој веќе не е тренер на “црвено – црните“, сега и официјално е само селектор на А-репрезентацијата на Македонија.

Значи Седло од Вардар се “одјави“ со титула, но и со победа од 3:0 против лутиот ривал.

ПретходноАндреј Георгиев во следните три години дел од Е.Пелистер 2
СледноГРК Охрид со победа против Тиквеш се “загреа“ за историскиот реванш со Татабања!