Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски не успеа со екипатана Тренто да обезбеди полуфинале во италијанскиот плеј-оф. Во „мајсторката“ со Виртус Болоња на гостински терен, Тренто загуби со 106:95 и со тоа ги заврши настапите за оваа сезона.
Јакимовски остана на паркетот само 16 минути за кои имаше 6 реализирани поени, но и една асистенција. Екипатана Виртус Болоња во полуфиналето наплеј-офот ќе се сретне со екипата на Венеција.










