Хориха нема да биде на крунисувањето на Вардар

181

Вардар 1961 денеска и официјално ќе биде крунисан за нов првак на македонскиот шампионат. „Црвено-црните“ во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат Бутел Скопје во последното коло од плеј-офот, мечот е закажан со почеток во 19 часот.

Во составот на Вардар 1961 за оваа средба нема да биде еден од најдобрите ракометари. Дмитро Хориха порано го напушти тимот, бидејќи замина за Саудиска Арабија. Добро е познато дека тој во следните десет ќе игра за Ал Калеј, по што од следната сезона останува договорот со Пик Сегед.

Хориха кој има македонски пасош во Вардар 1961 дојде во 2024 година и се покажа како одлично засилување.

ПретходноПерез на 7 јуни ќе бара нов претседателски мандат
СледноОклахома е на победа до враќање во финалето (ВИДЕО)