РК Вардар и официјално повторно е на врвот на македонскиот ракомет. „Црвено-црните“ ја освоија 16. шампионска титула во својата историја, после три години повторно се искачија на тронот.
Крунисувањето се случи денеска после завршување на последниот меч од плеј-офот против Бутел Скопје.
Вардарци сезонава покажаа шампионски карактер, квалитет и победнички менталитет, а круна на сите настапи беше враќањето на титулата во своите витрини. Тимот одигра сигурна и доминантна сезона, потврдувајќи дека повторно е главната сила во домашниот ракомет.
На доделувањето на пехарот немаше голем број на навивачи бидејќи овој момент беше прославен после дербито против Пелистер. Фановите дојдоа во поскромна бројка.
Со оваа титула, Вардар уште еднаш ја потврди својата богата традиција и статусот на еден од најголемите спортски колективи во Македонија.
„Црвено-црните“ сезоната ја завршуваат со двоен пехар, во домашниот шампионат и во Купот на Македонија.










