Македонија за првпат со тим на Европското училишно 3х3 првенство

50

Македонија за првпат ќе има претставник на Европското училишно првенство за баскет 3х3 кое стартува денеска во Белград. Тимот е составен од Дамјан Данев, Глигориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Стојановски и Филип Алексовски. Противниците ќе бидат познати во текот на денешниот ден за кога е закажана ждрепката.

„Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска заедно со претседателот на натпреврувачката комисија, Венцислав Рангелов, остварија средба со учениците кои ќе ја претставуваат нашата земја на Европското училишно првенство во баскет 3х3 во Белград (13 до 19 јуни).

Мицковска им посака среќа, успешен настап и достоинствено претставување на Македонија, нагласувајќи дека токму ваквите натпреварувања се голема можност за стекнување искуство и нови пријателства. Таа потенцираше дека тие се вистински амбасадори на училишниот спорт и дека верува во нивниот талент, посветеност и тимски дух“, се вели во соопштението на Федерацијата на училишен спорт на Македонија. 

ПретходноЕХФ со ново признание: Македонија во 2028 домаќин на ЕП за играчи до 18 години
СледноДенеска на Мундијалот: Да го видиме и тој Бразил на Дон Карло!