Македонија со два порази во ракомет на плажа

65

Македонската машка сениорска репрезентација во ракомет на плажа денес ги одигра првите два натпревари на меѓународниот турнир во Плоцк, Полска.

Во првиот натпревар, нашите репрезентативци беа поразени од селекцијата на Чешка со 2:0 во сетови.

Резултат по сетови: Македонија – Чешка 16:22 Македонија – Чешка 8:20 Во вториот натпревар од денешната програма, македонската репрезентација се соочи со селекцијата на Германија, каде повторно беше поразена со 2:0 во сетови. Репрезентацијата утре ќе го одигра својот последен натпревар на турнирот против домаќинот Полска.

ПретходноРФМ и Лазаров на Ф4 во Келн
СледноЦветковиќ стана најскап играч на Вардар, ама Вардар не го задржа