Милевски потврди: Имам разговори со Шкендија!

311

 

Порталот на албански јазик „Опен ТВ“, излезе со ексклузивен разговор со поранешниот селектор Благоја Милевски кој ја потврди комуникацијата со раководните лица на Шкендија и можноста тој да седне на клупата на клубот од Тетово.

„Да, имам разговори со Шкендија и сите опции се отворени…“, е дел од изјавата на Благоја Милевски. СпортСпорт уште пред десетина дена го најави интересот на Шкендија за Благоја Милевски и шансата екс-селекторот на Македонија да го наследи Јетон Беќири.

Тимот од Тетово без тренер оди на подготовките во Словенија, а во наредниоте 48 часа се очекува потврда на најавата и промоција на Благоја Милевски за нов тренер. Според она што го дознаваме Шкендија брзо ги прифатила условите на тренерот но висината на платите за асистентите била причината за застој на преговорите. Боби Стојковски и Влатко Гроздановски кои му помагаа на Милевски во националниот тим ќе бидат негови асистенти и во Шкендија. Благоја Милевски по Ѓоре Јовановски и Зоран Стратев ќе биде третиот тренер кој седел на клупата и на Вардар и на Шкендија.

ПретходноОдбојкарите продолжија победнички: Исланд „решен“ во три сета, Грција е следен предизвик
СледноЈани Атанасов е нов играч на Актобе