Додека ја чекаме официјалниот список од ЕХФ за тимови кои аплицирале за следната сезона во Лигата на шампиони, а таму треба да биде и Вардар, од Србија дојде информација дека еден нивни тим добил покана за да учествува во ова натпреварување.
Станува збор за Партизан каде тренер е поранешниот македонски селектор, Раул Гоназлес. Шпанецот веќе цела година гради состав токму за Лигата на шампиони, Партизан потпиша бројни имиња, меѓу нив е Илија Абутовиќ.
ЕХФ овие денови треба да го соопшти прво списокот на апликанти, а набрзо и да потврди на кого ќе му даде специјална покана, Македонија веќе нема сигурно место во Лигата на шампиони. Во новата сезона бројот на екипи ќе изнесува 24 наместо претходно 16.










