Шкендија се раздели и со Нигериецот Алхасан

113

Вицешампионот Шкендија му се заблагодари на уште еден фудбалер од минатата сезона. Стаува збор за Алхасан, кој го заврши престојот во Тетово.

Шкендија објави дека Ибрахим Алхасан нема да биде дел од тимот во иднина, бидејќи неговиот договор со клубот истекува на крајот од сезоната 2025/26.

„По две години поминати во „црвено-црниот“ дрес, страните се разделуваат со меѓусебно почитување и благодарност, посакувајќи си еден на друг понатамошен успех“, објави Шкендија.

25-годишниот нигериски играч од средниот ред се приклучи на Шкендија во летото 2024 година и беше важен дел од тимот во текот на успешниот период за клубот.

ПретходноСрбите се пофалија: Раул и Партизан ќе играат во Лигата на шампиони
СледноИранците веднаш набркани од САД: ФИФА се однесува како да не е организатор на ова СП!