Повремениот македонски репрезентативец, Бојан Илиевски и официјално си замина од тимот на Струга ТЛ.
Десниот бек следната сезона ќе го гледаме во нова средина. Ова го потврди и самиот клуб, Струга ТЛ, кој што со објава на социјалните мрежи му се заблагодари на Илиевски за одиграното во дресот на клубот и му посака среќа во понатамошната кариера.
Илиевски одигра 69 мечеви за тимот, постигна три гола и додаде пет асистенции.















