Тиквеш направи длабок „рез“: 11 фудбалери заминуваат од Кавадарци

419

Кавадаречкиот прволигаш Тиквеш денеска со официјално соопштени потврди дека се разделува дури со 11 фудбалери од минатогодишниот ростер. Тоа најавува сериозен „рез“ во тимот, кој минатата сезона не успеа да ги исполни поставените цели.

Од Управниот одбор на Тиквеш објавија дека клубот го напуштаат и дел од најискусните, како Даниел Мојсов, а со него и Никола Најдовски, Кристијан Ѓорѓиевски, Кристијан Стојкоски, Мартин Стојанов, Берат Садик, Стефан Тасев, Ваља Терзиќ, Мартин Тодоров, Милован Петровиќ и Данаил Тасев.

Тимот доби ново раководство, па сега останува да се види како ќе изгледа ростерот на кавадарчани за новата сезона.

ПретходноОдличен почеток на женската селекција У17 на турнирот во Букурешт
СледноДенеска на Мундијалот: Бразил на поправен, Американците ја “ловат“ нокаут – фазата!