Машката селекција „Под 17“ години поразена од Романија на стартот на „Rising Stars“

70

Нашата машка селекција „У17“ години го одигра својот прв натпревар на турнирот во Букурешт. За противник ја имаше селекцијата на Романија. Во доста изедначен меч, во кој двете селекции се менуваа во водството, пресудна беше серијата од (10-0) која Романија ја направи во средишниот дел од последната четвртина, доволна за конечен триумф од 68-81.

Со серија од шест поени, на почетокот на последната четвртина, во рок од само една минута, Македонија дојде до егал скор (61:61). Но, следеше период од повеќе од пет минути во кои нашите репрезентативци не запишаа ниту еден поен. На другата страна противникот даде десет, и се одвои на двоцифрени, (71:61), кои се покажаа како клучни за конечниот епилог на оваа средба.

Ѓиноски реализираше 14 поени, имаше и шест асистенции и пет скока. Сотир заврши со 10 поени (имаше и три скока и две асистенции), колку што имаше и Коневски (плус четири скока и две додавања), додека Рајковски заврши со девет реализирани поени.

Утре, од 13.30.часот, по локално време, машката селекција на Македонија „Под 17“ години ќе игра против соодветната репрезентација на Грција.

ПретходноМакедонија домаќин на квалификацискиот турнир за женското кадетско ЕХФ ЕУРО 2027!
СледноНов скандал во фудбалот: Овој пат во Валандово за „измама во службата“ и „фалсификување службена исправа“