ЕХФ потврди: Голот на Манасков е најубавиот во изминатата ЛШ сезона (ВИДЕО)

142

Откако ракометна Европа го доби својот нов владетел, кој што ќе ја носи титулата во Лигата на Шампионите во следните 365 дена, ЕХФ одлучи да се позабави малку со она што се случуваше во изминатата сезона.
избран е најубавиот гол во Лигата на Шампионите, а тоа е без конкуренција погодокот на Дејан Манасков, кој што во дресот на Е.Пелистер постигна вистинска убавица.

Левото крило реализираше феноменално во дуелот со Барселона, по што погодокот не само што се вртеше по сите светски медиуми со денови, еве сега истиот добива и сезонска награда.

Истиот е мини бравура на Манасков, кој фати цепелин по долгото додавање на голманот Митревски, сместувајќи ја топката во мрежата на Емил Нилсен.

 

ПретходноЈакимовски: Добра подготовка, за потврда на првото место во групата
СледноСилекс ги потврди Шеро и Хасукиќ